Top Sport

Лидс ќе платат 18.4 милиони фунти за бизарната позајмица со само три настапи

Лидс јунајтед ќе мора да платат 18.4 милиони фунти за „пропаднатата“ позајмица од 2020 поради одлуката на Судот за арбитража во спортот (ЦАС). Англискиот клуб го донесе Жан-Кевин Огастин од РБ Лајпциг во 2020 на позајмица со обврска за купување за 21 милиони евра, но поради низата повреди, тој имаше само пет настапи. 25-годишниот Огастин неколку месеци подоцна си замина бесплатно во Нант во Франција.

Лидс обезбеди влез во Премиерлигата на крајот на таа сезона, но демантираа дека треба да го купат Огастин бидејќи сезоната беше нарушена поради пандемијата на КОВИД-19. ФИФА во јуни одлучи дека клубот мора да го испочитува договорот, по што тие отидоа пред ЦАС, кои ја потврдија одлуката на ФИФА.

Главен „виновник“ за трансферот беше поранешниот менаџер Марсело Биелса, и тешко е да се разбере зошто го донесе напаѓачот кој имаше само 1 гол во 16 меча во 2019/20 и 8 гола во 30 меча во 2018/19. По преселбата во Франција, тој повторно имаше слаба форма со само 126 одиграни минути во две сезони и во моментов игра фудбал во Швајцарија со Базел, каде што има 9 настапи.

Scroll to Top