Top Sport

Милан и Торино со минута молк за Брајант

Милан и Торино ќе му оддадат последна почест на трагично загинатиот Коби Брајант пред нивниот меч од Копа Италија утре, момент кој има посебно значење поради тоа што Брајант беше емотивно поврзан со „росонерите“.

41-годишниот Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа со неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум други луѓе, поголемиот дел од своето детство го помина во Италија, каде што неговиот татко беше професионален кошаркар во тимовите на Реџо Калабрија и Реџо Емилија.

Брајант стана голем фан на Милан и течно зборуваше италијански јазик. Тој беше посебен гостин во тренинг-центарот во Миланело во 2013 година и зборуваше за тоа како ги гледал Марко ван Бастен, Руд Гулит и Паоло Малдини.

„Во мојата соблекувална во Лос Анџелес имам дрес и шал на Милан“, изјави тогаш Брајант.

Scroll to Top