Француската Лига 1 го казни Нант со комбинирани 21.000 евра откако нивните навивачи запалија факли и друга пиротехничка опрема во текот на мечевите на нивниот клуб како дел од последната почест за поранешниот напаѓач Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа минатиот месец.
Авионот со кој Сала патуваше од Нант до неговиот нов клуб, премиерлигашот Кардиф сити падна на 21 јануари во Ла Манш, а на 6 февруари беше пронајдено и неговото тело, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон уште не е пронајдено.
Дисциплинската комисија на Лига 1 го казни Нант 16.500 евра за пиротехниката на лигашкиот меч против Сент-Етјен на 30 јануари, првиот меч по исчезнувањето на Аргентинецот и дополнителни 4.500 евра за сличен инцидент за мечот против Ним овој месец.