Вечерните натпревари од француската Лига 1 донесоа неколку изненадувачки резултати, како триумфот на Ним од 4:3 на гости кај Анжер, но и победата на Ремс на гостувањето кај Ница.
Ним Олимпик своето враќање во елитата го заврши со фантастична победа од 4:3 кај Анжер постигната со играч помалку. Ним е првпат во Лига 1 од 1993 година, и веднаш дојдоа во водство уште во петтата минута преку Сада Тиуб. Анжер врати преку Пјерик Капел во 33. минута, за во 52. минута да дојдат во водство преку Бернардони, а само четири минути подоцна беше 3:1 преку Траоре.
Гостите намалија во 77. минута преку Депре, пред да останат со 10 фудбалери на теренот по црвениот картон на Флоријан Мигуел. И покрај ова новаците со неверојатен финиш стигнаа до трите поени – Рипар во 86. минута израмни, а Депре го постигна победничкиот гол.
Ница на „Алијанц ривиера“ доживеа шок од Рен, кои победија благодарение на голот на Муса Думбија уште во петтата минута, додека Сент-Етјен сезоната ја стартуваше со 2:1 победа над Генгам.
ЛИГА 1, 1.КОЛО
Анжер – Ним 3:4
Лил – Рен 3:1
Монпелје – Дижон 1:2
Ница – Ремс 0:1
Сент Етјен – Генгам 2:1