Top Sport

Лига Европа: Дака-шоу во Москва, „лисиците“ го собраа пленот

Феноменален меч одиграа Спартак и Лестер Сити во Москва, во рамки на третото коло од групата Ц во Лига Европа.
Вистинско гол шоу во кое по 90 минути се радуваа фудбалерите од англискиот тим, победа со пресврт од 4-3, на полувреме домашните водеа со 2-1.

Мечот започна со иницијатива на Спартак, а напаѓачот Александер Соболев го отвори резултатот во 11. минута.
Џордан Ларсон, синот на легендарниот шведски фудбалер Хенрик Ларсон во 44 минута од мечот донесе зголемена предност за рускиот тим, 2-0.

Сепак, за поподнослива негатива на паузата се погрижи Патсон Дака (23 години) во 45 минута со првиот од неговите 4 гола на мечот.


Фудбалерот од Замбија, кој беше стрелец за „лисиците“ и на викенд триумфот против Манчестер Јунајтед (4-2) експлодираше во второто полувреме.

Во 48 минута со неговиот погодок носи реми на арената во Москва, а само 6 минути подоцна постигнува хет-трик за водство на Лестер од 3-2.

Дака тука не застана, па во 79 минута и по четврти пат ја смести топката во мрежата на Максименко.

До крајот на мечот Соболев, со својот втор гол успеа само да го ублажи поразот за конечни 3-4.

По три кола во групата Ц, Легиа Варшава се уште е лидер на табелата со 6 бода по 2 кола, втор е тимот на Лестер со 4, додека Спартак е третопласиран со 3 освоени бодови.

На дното е Наполи, на нашиот Елиф Елмас со 1 бод од два одиграни натпревари.

Scroll to Top