Попладнево во Монте Карло беа извлечени групите за натпреварите во Лига Европа, во сезоната 2018/2019. Веројатно најинтересна е Д-групата во која се Андерлехт, Фенербахче, Динамо Загреб и Спартак Трнава. Ждрепката ги спои и двата клуба на Ред Бул од Салцбург и Лајпциг, односно Олимпијакос и Милан, Арсенал и Спортинг Лисабон, Лацио и Олимпик Марсеј, Челси и ПАОК.
Фазата по групи, во Лига Европа, ќе започне на 20.септември, а последното коло на програмата ќе биде на 13.декември.
Нокаут фазата ќе започне во февруари со дуелите од шеснаесетина финалето, осмина-финалето е во март, четврт-финалето во април, а на почетокот на мај ќе се играат полу-финалните дуели.
Финалето е закажано за 29.мај во главниот град на Азербејџан, Баку.
Група А: Баер Леверкузен, Лудогорец, Цирих, АЕК Ларнака
Група Б: Ред Бул Салцбург, Селтик, Ред Бул Лајпциг, Розенборг
Група Ц: Зенит, Копенхаген, Бордо, Славија Прага
Група Д: Андерлехт, Фенербахче, Динамо Загреб, Спартак Трнава
Група Е: Арсенал, Спортинг Лисабон, Карабах, Ворскла
Група Ф: Олимпијакос, Милан, Реал Бетис, Дуделанж
Група Г: Виљареал, Рапид Виена, Спартак Москва, Ренџерс
Група Х: Лацио, Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт, Аполон
Група И: Бешикташ, Генк, Малме, Сарпсборг
Група Ј: Севиља, Краснодар, Стандард Лиеж, Акисар
Група К: Динамо Киев, Астана, Рен, Јаблонец
Група Л: Челзи, ПАОК, БАТЕ Борисов, Мол Види