Top Sport

Лига Европа: Јунајтед и Јувентус со нови победи се пласираа во четврт-финалето

Англискиот тим Манчестер Јунајтед оствари уште една победа против Бетис, овојпат со 0:1 на гости во Севилја и надмоќно се пласираше во четврт-финалето на Лига Европа. Маркус Рашфорд беше стрелец за „црвените ѓаволи“ на реваншот, откако погоди во 56.минута и само го потврди убедливиот триумф од 4:1 од „Олд Трафорд“.

Јувентус исто така оди понатаму во ова натпреварување со втора победа над Фрајбург. „Старата дама“ славеше со 0:2 во Германија, откако дојде со минимална предност (0:1) осд привот меч во Торино. Стрелец на првиот гол беше Душан Влаховиќ од пенал во 45.минута, а Федерико Киеза го потврди триумфот во судиското продолжение од дуелот.

Феенорд го декласира Шахтјор Доњецк со 7:1 на домашен терен и заслужено оди понатаму, откако првиот меч во Варшава заврши 1:1. Кокчу беше двоен стрелец, како и Идриси, а во листата се запишаа и Хименез, Јаханбакш и Данило. За Шахтјор погоди Келси во 87.минута.

Патник во четвртфиналето е и Севилја. Шпанскиот тим загуби од Фенербахче во Истанбул со 1:0, но имаше два гола предност од првиот дуел (0:2). Стрелец на голот за Фенербахче беше Енер Валенсија од пенал во 41.минута од мечот.

Scroll to Top