Top Sport

Партизан го победи шампионот Анадолу Ефес во Истанбул

Кошаркарите на Партизан го совладаа Анадолу Ефес во салата „Синан Ердем“ со 84:97 во 29. коло од Евролигата. Со оваа победа избраниците на Жељко Обрадовиќ стигнуваат до скор од 16-13 и се навистина блиску до пласман меѓу осумте најдобри екипи. Ефес има скор 14-15 и ќе треба да игра многу подобро до крајот на регуларниот дел за да продолжи да ја брани круната.

Ефес подобро го отвори мечот и оствари двоцифрена предност по првиот период (23:11), но Партизан возврати уште посилно во втората четвртина, па на одмор замина и до предност (37:39).

Клучни беа последните десет минути, во кои Партизан одигра одлично, постигна 34 поени, прими сам 20 и на крајот славеше голем триумф (84:97).

Кевин Пантер го заврши натпреварот со 19 поени, Матијас Лесор постигна 17, а двоцифрени беа и Џејмс Нанали, Зак Ледеј и Алекса Аврамовиќ.

Во тимот на Анадолу Ефес како лидер се истакна Вил Клајбурн со 22 поени.

Scroll to Top