Top Sport

Цедевита Олимпија сака да игра во Евролигата

Новоформираниот клуб Цедевита Олимпија има намера што е можно поскоро да игра во елитното друштво наречено Евролига. „Атлантик групата“ зад која стои најбогатиот Хрват Емил Тедески со осум милиони евра ќе се обиде да дојде до специјална покана за учество во Евролигата.

Тедески, незадоволен од тоа што Цедевите не успеа да добие никаква поддршка во Загреб, реши клубот да го пресели во Љубљана. Од фузијата на двата тима е формиран целосно нов субјект КК Цедевита Олимпија.

Бидејќи субјектот е нов челниците за место во Евролигата ќе аплицирале наредната сезона, а оваа ќе учествуваат во АБА-лигата и Еврокупот.

Во Евролигата остана уште едно празно место за наредната сезона, откако Алба Берлин со пласманот во финалето во германскиот плеј-оф, избори место меѓу најдобрите тимови во Европа.

За специјалната покана што ќе ја додели Евролигата оваа сезона конкурираат уште Локомотив Кубан, Уникс, Зенит, Ритас, Партизан Белград и Будуќност.

Scroll to Top