Top Sport

Лигата на шампиони со Ф8 турнир во Португалија?

Шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“ тврди дека УЕФА и Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) подолго време преговараат за „план Б“ за Лигата на шампиони, односно фајнал 8 турнир во Португалија, кој би завршил на 22 август.

Засега, планот е натпреварувањето да се заврши во вообичаениот формат со комплетирање на осминафиналните дуели, по што би се играло и четврт-финале во два меча, кое би се комплетирало од 4 до 29 август.

Според шпанските извори, извршниот комитет на УЕФА заедно со претседателот на ЕЦА, Андреа Ањели имаат план да се игра фајнал 8 турнир, во кој тимовите би играле еден дуел, а потоа би се играле продолженија и пенали, ако тоа е потребно. Со ова ќе се намали бројот на натпревари, но и патувањето за време на пандемијата на корона вирусот.

Истанбул треба да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите, но повеќе извори подолго време шпекулираат дека турскиот мегалополис не е доволно безбеден. Според „Мундо“, Лисабон би бил совршен домаќин бидејќи оваа земја не е многу погодена од КОВИД-19, а условите се одлични, бидејќи во 2004 година државата беше домаќин на европското првенство. Исто така, португалските клубови веќе се елиминирани од натпреварувањето.

Scroll to Top