Швајцарскиот фудбалер Штефан Лихтштајнер објави крај на кариерата по една сезона со бундеслигашот Аугзбург, по што во интервју за швајцарскиот весник „Блик“ откри зошто пред две години го покажа двоглавиот орел на репрезентативците на Србија во еден од најконтроверзните моменти на Светското првенство во Русија.
Швајцарија во драматичен меч ја победи Србија со 2:1, по што дел од репрезентативците ги провоцираа српските навивачи со покажување на албанскиот „орел“. Ако тоа беше разбирливо од Џердан Шаќири и Гранит Џака, кои се со потекло од Косово, потегот на Лихтштајнер предизвика многу коментари.
Сега, две години, подоцна тој открива дека се работело за солидарност.
„Славењето со орелот? Само покажав солидарност со моите соиграчи, тогаш, но и во иднина. Такво нешто ни треба и во текот на кризата со корона. Според емоциите, мечот против Србија беше најекстремен бидејќи имавме многу фудбалери со албанско потекло. Тогаш дојде голот во 90-тата минута и лудилото“, вели Лихтштајнер.
Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците