Top Sport

Лил е кошмар за ПСЖ – шампионот го освои Францускиот суперкуп

И под водство на новиот тренер Жил Жувернек, Лил остана кошмар за супер-богатиот тим на Пари Сен-Жермен, победувајќи ги „светците“ на отварањето на француската сезона со титулата од Францускиот суперкуп.

На стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив, Израел, Лил, кој минатата година имаше фантастичен и драматичен пат до титулата, стигна до 1:0 победа за лоша најава за тимот на Маурисио Почетино.

Единствениот гол на мечот го постигна Португалецот Чека во финишот на првото полувреме, кога успеа да го совлада Кејлор Навас со фантастичен удар од далечина.

Scroll to Top