Top Sport

Фетел за маичката со боите на виножитото: Нека ме дисквалификуваат!

Четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел доби предупредување од стјуардите, откако ја прекрши процедурата пред трката при интонирањето на химната на домаќинот Унгарија, носејќи маичка со боите на виножитото во знак на поддршка на ЛБГТ заедницата.

Возачот на Астон Мартин лудата трка на Хунгароринг ја заврши на второто место, откако ги избегна проблемите на стартот, но на крајот не успеа да г помине Естебан Окон во Алпине за славна победа. Тој, заедно со Карлос Саинс Јуниор, Валтери Ботас и Ленс Строл беа повикани кај стјуардите поради пораката за поддршка за ЛГБТ заедницата против законите во Унгарија.

Фетел носеше маичка со порака „Same Love“ (иста љубов), и официјално се оправда дека „заборавил да ја соблече маичката поради дождот“. Но, пред медиумите тој јасно прати порака.

„Слушнав дека ме повикаа поради маичката за време на националната химна. Јас сум среќен, нека ме дисквалификуваат. Не ми е грижа. Би го направил тоа повторно. Кога ќе видите колку луѓе се замараат со тоа, можеби не е најлоша идеја еден ден да ја напуштиме планетава. Сите стоиме пред трката со убави слогани, но тоа е проблем за некои луѓе. Тажен свет“, изјави Фетел.

Scroll to Top