Шведскиот репрезентативец Виктор Линделоф е еден од фудбалерите ко по завршувањето на сезоната ќе го напуштат Манчестер Јунајтед.
Поранешниот играч на Бенфика е еден од оние кои се најчеста мета на медиумите и навивачите поради неконстантноста во формата.
На „Олд Трафорд“ пристигнале две понуди за Линделоф, едната е од клуб што се натпреварува во Премиер лигата, а другата од Франција. Интерес за Швеѓанецот покажале Вулверхемптон и Лион.
Според шпекулациите, Линделоф, нема намера да ја напушта Англија, што значи дека ќе ја прифати понудата од Вулверхемптон.
Пред две години, Манчестер Јунајтед за Линделоф платија 30 милиони евра.