Шансата на Виктор Линделоф да импресионира во првиот меч во Премиер лигата тргна многу наопаку во саботата, по што коментарите на фановите на Манчестер јунајтед се брутални – еден од нив му порача да оди да работи во „Икеа“.
За Хадерсфилд таун, клубот од западен Јоркшир, саботниот триумф од 2:1 над Јунајтед беше историски момент кој доаѓа по 65 години, но за Јунајтед и Жозе Мурињо беше вистински „хорор“ по кој тимот заостанува пет поени зад лутите ривали Сити.
Кога Фил Џонс се повреди во 23. минута на стадионот „Џон Смит“, Линделоф доби шанса да одигра вистински меч, но на ветерот и дождот, Линделоф се мачеше цел натпревар и веднаш беше совладан од Мој, кој го „преигра“ и го постигна првиот гол на Хадерсфилд. Само пет минути подоцна, Линделоф дозволи нафрлањето на голманот Јонас Лоси да се удри од неговата глава и Лорен Депотр зад него лесно ја смести топката зад грбот на Де Хеа.
Линделоф, иронично, требаше да биде огромно засилување за одбраната на Јунајтед, по одличните партии во Португалија со Бенфика, меѓутоа сега тој мора да направи многу повеќе да ги оправда 35-те милиони евра дадени за неговиот трансфер.
Why ?? Lindelof why?? pic.twitter.com/JG5XfXEjfT
— Ameteor (@amirzukri) October 21, 2017