Поранешниот напаѓач на Тотенхем и на Барселона, а сега ТВ-коментатор, Гери Линекер тврди дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го имал „најпозитивното влијание на премиерлигашкиот фудбал“.
Успехот на Гвардиола да го направи Манчестер сити машина за победи (која искрено, оваа сезона не е функционира најдобро), беше проследено со поинаква фудбалска филозофија на игра на посед на топка, и според Линекер тоа е нешто најдобро што можело да му се случи на англискиот фудбал. Кога на Твитер му беа посочени Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер како луѓе со огромно влијание, Линекер објасни што точно мислел.
„Целосна почит за Сер Алекс и неговите остварувања, секако тој е најдобриот, но зборуваме за различни работи. Гвардиола го смени начинот на кој играме и размислуваме за фудбалот. Од опсесијата за директен фудбал до тотален фудбал. А, многумина велеа дека тоа не е можно во Англија. Венгер беше влијателен, но не стигна до нивото на трансформација кое го направи Пеп“, оценува Линекер.
Total respect for Sir Alex’s achievements, and, of course, he’s the most successful, but that’s an entirely different thing. Guardiola has changed the way we play/think about the game. From our obsession with direct play to total football…and they said it couldn’t be done. https://t.co/J857HQe5dw
— Gary Lineker (@GaryLineker) January 4, 2020