Top Sport

Серија А ја зголемува посетеноста, Интер и Милан убедливо на врвот

Просечната посетеност на мечевите од Серија А скокна за повеќе од 6 отсто по половина сезона во однос на минатата сезона.

Просечната посетеност на првите 17 кола во сезоната 2019/20 во Италија беше 27.108 гледачи по натпревар, за 6.4 отсто повеќе од посетеноста на минатата сезона, кога бројката беше 25.481 фанови. Ова е најголем скок во последните пет години и раст од 21.9 отсто во однос на крајот на 2015/16, кога имаше просек од само 22.234 гледачи.

Посетеноста во Серија А паѓа од „златните“ денови на лигата – во 1997/98 имаше просек од 31.161 гледач, за во 2012 да падне на само 22.604.

Интер се најдобропосетениот фудбалски клуб во Италија со фантастични 63.697 навивачи по натпревар, додека градските ривали Милан се втори со 53.917 навивачи. Шампионите Јувентус се трети со 39.740.

Scroll to Top