Поранешниот миленик на „Ноу Камп“, Гери Линекер вели дека вечната дебата околу тоа кој е најдобар во историјата помеѓу Лионел Мес и Кристијано Роналдо воопшто не е „блиска“, опишувајќи го Меси како најдобриот без сомнеж.
Меси и Роналдо освоија вкупно 11 „Златни топки“ во последните 12 години. 32-годишниот Меси, кој ја помина цела кариера во Барселона, ја освои шестата титула во 2019, додека 35-годишниот Роналдо со настапите за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус покажа дека сигурно е најдолговечната фудбалска ѕвезда. И покрај тоа, Линекер има јасен фаворит.
„Знам дека луѓето стануваат многу поделени за темата Меси-Роналдо. Честопати, тоа е обоено со тоа дали навиваш за Барселона, Реал Мадрид или Јувентус и го сфаќам тоа. Јас сум огромен фан на Роналдо, но ако зборуваме за тоа кој е најдобриот во историјата, воопшто не е потребна дебата, тоа е Меси. Тоа е моето мислење и за мене не е ниту блиску“, вели Линекер.
Тој го отфрла аргументот дека Роналдо е поуспешен поради тоа што играше во три големи лиги.
„Меси играше со одлични соиграчи, но кој и да е со него, бројките му се исти и тој постојано ги демантира тие кои се сомневаат. Дури и во последните неколку години, кога Барселона не е толку силна, тој останува моќен. Зошто би си заминал, кога игра во еден од најголемите клубови на светот? Каде можеш да одиш погоре од Барса?“, додава Линекер.