Top Sport

Линекер му се извини на Лук Чедвик за „грдите“ шеги за неговиот изглед

Гери Линекер му се извини на поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Лук Чедвик за грубите шеги за изгледот на Чедвик на поранешното фудбалско шоу на „Би-би-си“.

Чедвик, кој не успеа да направи голема кариера и покрај тоа што беше дел од академијата на „ѓаволите“, неодамна откри дека навредите за неговите изглед му ја уништиле самодовербата и тој доби итна порака од Ник Хенкок, поранешниот водител на шоуто кој изјави дека би сакал да се сретне со фудбалерот.

„Јас бев дел од тоа шоу и морам да му се извинам на Лук Чедвик за болката која му ја нанесовме“, напиша Линекер на Твитер.

Околу Линкер, Чедвик вели дека неговите навреди биле најболни бидејќи тој му бил фудбалски херој.

„Едно од разочарувањата беше, тоа што како дете навивав за Англија на Светското првенство и Линекер беше еден од моите херои. Да го слушнеш него да кажува негативни работи за мене, беше навистина тажно“, изјави Чедвик.

39-годишниот Чедвик имаше само 39 настапи во првиот тим за Јунајтед, по што од 2004 играше и за Вест хем, Стоук, Норич, МК Донс и Кембриџ јунајтед.

Scroll to Top