Top Sport

Шенон Бригс инсистира дека се договорил за меч со Тајсон

Ветеранот Шенон Бригс инсистира дека тој ќе биде првиот човек со кого Мајк Тајсон ќе влезе во рингот по најавениот кам-бек, објаснувајќи дека има усен договор со „Челичниот“.

48-годишниот Бригс преку Инстаграм тврди дека мечот со Тајсон е „официјален“, иако во текот на викендот се шпекулираше дека е договорен трет меч помеѓу Тајсон и Ивандер Холифилд во Саудиска Арабија веќе во јули.

„Само што зборував со Мајк и тоа ќе се случи, јас и Мајк во рингот. Ќе видите. Браунсвил против Браунсвил. Нашите ракавици ќе зборуваат“, вели Бригс.

Бригс беше еден од најзабавните боксери во тешка категорија, познат по своите луди повици за меч посебно против Виталиј Кличко, но последен пат беше во рингот во 2016 година. Тој тврди дека ќе се работи за добротворен меч.

„Парите се тука, и не можам да кажам нешто повеќе. Се работи за добротворен меч, за егзибиција. Сите го знаеме тоа. Но ќе биде забавно“, изјави Бригс.

Тајсон VS Холифилд веќе на 11 јули во Саудиска Арабија?

Scroll to Top