Џеси Лингард нема да биде дел од англиската репрезентација на ЕУРО 2020. „Атлетик“, тврди дека и покрај тоа што играше брилијантно во вториот дел од сезоната, селекторот Герет Саутгејт, нема да го повика Лингард во националниот тим.
Лингард се наоѓа на поширокиот список на кој има 33 имиња. Саутгејт, до полноќ мора во УЕФА да го испрати конечниот список, на кој ќе се најдат 26 фудбалери.
Џеси Лингард блесна во Вест Хем, каде го одигра вториот дел од сезоната како позајмен играч. Тој со своите девет гола му помогна на Вест Хем да избори пласман во Лига Европа.
Англија ЕП ќе го отвори на 13.јуни против Хрватска, а потоа ѝ следат дуелите со Шкотска (18.јуни) и Чешка (22.јуни).