Џером Боатенг до крајот на преодниот рок ќе се пресели во Олимпик Лион. Искусниот дефанзивец, како слободен играч, ќе му се приклучи на францускиот тим.
Боатенг по десет години си замина од Баерн, откако клубот не му понуди нов договор. Светскиот првак со Германија од 2014 година, за Баерн има одиграно 229 натпревари.
Лион решија да го ангажираат Боатенг, откако претходно го суспендираа капитенот на тимот, Бразилецот Марсело.