Лион сака да го врати напаѓачот Маријано Дијаз од Реал Мадрид. Шпанскиот шампион би добил околу 6 милиони евра од трансферот на 28-годишниот фудбалер.
Покрај Лион, за него е заинтересиран и турскиот клуб Фенербахче, а Маријано Дијаз има договор со Реал до јуни 2023 година.
Тој настапуваше за Лион во сезоната 2017/2018 и постигна 21 гол на 45 натпревари, по што дојде во „кралскиот клуб“ за околу 22 милиони евра. Сепак, тој никогаш не успеа да се наметне во тимот на Реал Мадрид.
Оваа сезона Маријано Дијаз настапи на само десет натпревари и забележа една асистенција.