Top Sport

Нови договори за Модриќ и за Винисиус Жуниор

Реал Мадрид се подготвува за финалето на Лигата на шампионите на 28 мај против Ливерпул, но веќе го подготвува и тимот за следната сезона. Во него клучни позиции ќе имаат Лука Модриќ и Винисиус Жуниор, па раководството им подготви нови договори.

Модриќ е ветеран, но игра неверојатно и на четири месеци пред 37. роденден. „Кралевите“ подготвија понуда за нова едногодишна соработка и јасно е дека Хрватот ќе ја прифати.

Винисиус Жуниор ќе добие нов четиригодишен договор, со тројно зголемување на платата. Бразилецот оваа сезона беше одличен, а во моментот е еден од најслабо платените фудбалери во тимот со 3 милиони евра. Според новите услови, Винисиус ќе потпише договор до 2026 година и ќе заработува 9 милиони евра годишно.

Scroll to Top