Top Sport

Лион слави во Париз, втор пораз по ред за ПСЖ

Пари Сен Жермен е во мала криза со оглед дека втор натпревар по ред забележа пораз. „Светците“ и понатаму се лидери на табелата, но сигурно дека поразот од Лион (0:1) на „Паркот на принцовите“ ги боли многу.

Ѕвездите во тимот на Галтие не одиграа најдобро, а тоа Лион знаеше да го казни.

Победничкиот погодок го постигна Бредли Баркола во 56.минута, а Александре Лаказет кон крајот на првиот дел не реализира и пенал.

Scroll to Top