Top Sport

Милан со четири гола го потсети Наполи кој е сѐ уште шампион

Актуелниот првак Милан одигра фантастичен натпревар во Неапол и го декласира Наполи со 0:4. Тимот на Стефано Пиоли потсети дека сѐ уште е шампион токму против лидерот и многу веројатно иден шампион на Италија, Наполи.

Рафаел Леао во 17.минута го најави дебаклот за „наполитанците“, а Брахим Дијаз зголеми на 0:2 само осум минути подоцна.

Во вториот дел, Рафаел Леао уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а конечниот резултат го постави Алексис Салемакерс.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во второто полувреме на ова дерби, го замени Лоботка во 68.минута.

Scroll to Top