Лион имаше четири порази во последните пет натпревари, но успеа да ја прекине оваа лоша серија со триумф на гости (1:2) против Монпелје. Лорен Блан конечно најде решение како да стигне до победа, а ја донесе Александре Лаказет со погодокот во 90.минута од мечот.
Хусем Ауар во 33.минута обезбеди предност за Лион, а домаќинот израмни преку Елие Вахи во 70.минута.
Во финишот двата тима останаа со фудбалер поради исклучувањата на Диоманде и на Мавидиди. Мечот го реши искусниот стрелец Лаказет со погодокот во 90.минута од дуелот.