Марчело Липи си даде оставка од позицијата селектор на кинеската репрезентација по 2:1 поразот во квалификациите за СП 2022 година од Сирија во Дубаи во четвртокот.
Италијанецот си замина по прес-конференцијата откако Кина остана на пет поени зад лидерите Сирија по половина од квалификациите.
„Мојата плата е многу висока и јас ќе ја преземам вината. Си заминувам од селекторската позиција“, изјави Липи.
Победниците од осумте азиски квалификациски групи се пласираат во следната рунда, заедно со четири најдобри второпласирани. Кина нема пласман на СП од 2002 година и сега имаат седум поени заедно со Филипините, додека Сирија има максимални 12 поени по четири натпревари.
Ова е вторпат оваа година 71-годишниот Липи, славниот италијански тренер кој на „аѕурите“ им донесе светска титула во 2006 година да си амине од поицијата. Тој си даде оставка по поразот во четврт-финалето на Азискиот куп во јануари, пред во март да се врати на местото на својот сонародник Фабио Канаваро.
After the 1:2 defeat to Syria in World Cup qualifying, Marcello Lippi, the most expensive national team coach in the world, announced his resignation. In last few words as China head coach, he slapped the table angrily to express disappointments towards Chinese football. pic.twitter.com/95GASc7crm
— Titan Sports Plus (@titan_plus) November 14, 2019