Лирој Сане би можел да се врати во Германија, каде би потпишал договор со најтрофејниот клуб во оваа земја, Баерн Минхен. „Гардијан“ пишува дека челниците на Баварците веќе ги започнале преговорите со Манчестер сити околу можниот трансфер.
Сане се уште не добил понуда од клубот за продолжување на договорот, а медиумите тврдат дека неговите лоши односи со менаџерот Пеп Гвардиола тој би ги разгледал опциите околу можното заминување од „Итихад“.
Баерн од друга страна веќе тргнаа во реконструкција на тимот, веќе ги потпишаа француските дефанзивци Бенжаман Павар и Лукас Ернандез, а Сане би требало да стигне како замена за Ариен Робен и Франк Рибери кој ќе го напуштат клубот.
„Гардијан“ шпекулира дека евентуалниот трансфер на Сане би бил поголем од 80 милиони евра.