Top Sport

Ливаковиќ од Динамо е замената за Донарума во Милан?

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума има договор со „Росонерите“ до крајот на сезоната, се уште не го обновил договорот, па се погласни се шпекулациите дека летоска тој може да го напушти Милано.

Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека многу лесно може да се случи замена за Донарума во Милан да е чуварот на мрежата на загребски Динамо – Доминик Ливаковиќ.

Милан во моментов има „затегнат“ однос со менаџерот на Донарума, Мино Раиола, а најверојатно проблем засега се финансиите.

Останати опции, доколку Џиџи не се договори со Управата на „црвено-црните“ е голманот на Удинезе, Хуан Мисо, потоа Французинот Мик Менјан од Лил, Алекс Мерет од Наполи, како и Пјерлуиџи Голини од Аталанта.

Сите овие голмани во моментов се поскапи од Ливаковиќ.

Scroll to Top