Според италијанскиот весник „Република“, Ливерпул дале понуда од фантастични 70 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње.
27-годишниот Италијанец повторно е еден од клучните фудбалери во тимот на Карло Анчелоти оваа сезона со 11 гола и шест асистенции во 27 настапи за „партенопеи“, што ги натерало Ливерпул во текот на зимскиот преоден рок да понудат 70 милиони евра.
Сепак, ова воопшто не ги задоволило апетитите на сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој го цени својот капитен на фантастични 150 милиони евра.
Фото: ЕПА