Top Sport

Ливерпул го барале Рафиња, вели неговиот агент Деко

Ливерпул биле заинтересирани за бразилскиот фудбалер од средниот ред Рафиња во текот а летниот преоден рок, потврди неговиот агент, славниот португалски фудбалер Деко.

Рафиња комплетираше трасфер од 17 милиони фунти од Рен во Лидс во октомври 2020, и на „Еланд роуд“ стана стандарден првотимец под Марсело Биелса, помагајќи „белите“ да стигнат до деветтото место на табелата во Премиерлигата минатата сезона.

„Рафиња стана важен играч во Премиерлигата, клубот знае дека тој порасна како играч и оставаме работите да се одвиваат природно. Тој е млад, има многу предизвици пред него, и неколку клубови како Ливерпул го сакаа, но немаше официјална понуда. Лидс сакаат да го заддржат уште една сезона, и свесни се дека ако има силна понуда тој ќе замине“, вели Деко за „Глобо еспорте“.

 

Scroll to Top