Top Sport

РК Нови Пазар излезе од српската лига поради навредите на национална основа

Српскиот ракометен клуб Нови Пазар излезе од српската прва лига поради навредите на национална основа кои ги добија ракометарите на мечот со Црвеа звезда во текот на викендот.

Навивачите на Звезда во текот на мечот постојано го извикуваа името на Ратко Младиќ, а објави и транспарент со навредлива соддржина.

„За жал, мораме да ставиме точка. Долгорочно, ова е исправната одлука. Не сакам да зборувам за работите кои се случија, а бидејќи нема волја да се реши проблемот, не сакаме Нови Пазар, Бошњаците и Санџак да бидат во непријатна ситуација. Сакаме такви сцени да е се повторат. Нашата историја е долга 55 години, но ова е вистинска одлука“, изјави членот на управниот одбор на клубот, Хусеин Мемиќ, кој исто така се повлече и од позицијата во Управниот одбор на српската Суперлига.

Делегатот на мечот тврди дека не слушнал навредливи извици, туку само скандирање „Напред Звезда“.

Scroll to Top