Интер не ги искористи своите шанси, за на крајот Боби Фирмино и Мо Салах да ги казнат за за Ливерпул да направи предност од 0:2 по првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, за полесен реванш на „Енфилд“.
Од друга страна, Баерн Минхен ќе мораат да бидат многу подобри во реваншот, откако им беше потребен гол во 90. минута за да извлечат 1:1 реми кај австрискиот шампион Ред бул Салцбург.
Во внимателното прво полувреме, Интер и Ливерпул немаа удар во рамките на противничкиот гол, но се играше во висок ритам, и „нераѕурите“ можат да жалат што не дојдоа до гол посебно по обидот на Чалханоглу. Стартот на второто полувреме, целосно им припадна на домаќините, но до голот на Алисон не се стигнуваше.
Тогаш во 75. минута, Роберто Фирмино, кој влезе како замена за Диого Жота, по еден слободен удар, со глава го совлада Хандановиќ, за во 83. минута, Салах да ја искористи мешаницата во одбраната на тимот на Симоне Инзаги за класичен нокаут.
Во Салцбург пак, Жуниор Адаму, кој влезе во игра под десетина минути како замена на повредениот соиграч Окафор ги донесе Ред бул во водство против германскиот гигант во 23. минута и овој резултат беше актуелен до 90. минута, кога Кингсли Коман извлече 1:1 за Баварците.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
Интер – Ливерпул 0:2
Ред бул Салцбург – Баерн Минхен 1:1