Top Sport

Димитров го „збриша“ Мареј, Изнер замина во пензија со нов маратонски меч

Во дуелот на ветераните, Григор Димитров едноставно беше предобар за Енди Мареј, совладувајќи го поранешниот светски број 1 во второто коло на САД опен со лесни 6:3/6:4/6:1, додека Американецот Џон Изнер замина во официјална тениска пензија со уште еден маратонски меч, губејќи во пет сета од сонародникот Мајкл Мо со 3:6/4:6/7:6(3)/6:4/7:6(7).

Мареј, кој во првото коло ја оствари својата 200. победа на гренд слем турнирите, започна одлично и првите половина час помина во фантастична игра – третиот гем траеше 16 минути и Мареј со серија фантастични удари поведе со 2:1. Меѓутоа, потоа Димитров лесно направи брејк за да го освои првиот сет, а фрустрацијата на Шкотланѓанецот беше забележлива како што траеше мечот за бугарскиот тенисер да обезбеди меч со Германецот Александер Зверев во третото коло.

38-годишниот Изнер пак, замина на начин како што секогаш и играше – со борба до последниот поен по битка од четири часа со далеку помладиот Мох. Изнер, секако, ќе остане запаметен по најдолгиот меч во историјата на тенисот, кога во петтиот сет го победи Никола Мау на Вимблдон во 2010 година со 70:68.

Scroll to Top