Top Sport

Ливерпул го потврдија заминувањето на Фирмино, Милнер, Кеита и Окслејд-Чембрлен

Ливерпул потврдија заминување на четири од своите фудбалери – Роберто Фирмино, Наби Кеита, Џејмс Милнер и Алекс Окслејд-Чембрлен ќе си заминат од клубот на крајот на сезоната како слободни играчи.

„Квартетот ќе почне со нови етапи на нивните кариери по крајот на сезонатаа 2022/23, откако помогнаа ‘црвените’ да ги освојат најголемите награди во светот на фудбалот. Тие беа дел од тимот на Јирген Клоп кој ги освои Лигата на шампииони, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првнство во 2019, пред да станат првиот тим на Ливерпул кој ја освоил титулата по 30 години во 2019/20. Дополнителни два трофеи освоија минатата сезона, со Карабао купот и ФА купот“, објавија од клубот.

Фирмино, кој пристигна на „Енфилд“ од Хофејнхајм за 29 милиони фунти во 2015, сам побарал да си замине и покрај желбата на Ливерпул и Клоп да го задржат. Кеита дојде во Ливерпул од Лајпциг а 52.75 милиони фунти во јули 2018, но имаше повеќе повреди во петте сезони со само 129 настапи.

Scroll to Top