Ливерпул се согласија да го продадат швајцарскиот плејмејкер, Џердан Шаќири на Лион за 9.5 милиони фунти, јавуваат повеќе британски медиуми.
29-годишниот Шаќири, кој пристигна на „Енфилд“ во 2018 од Стоук сити за 13 милиони фунти, имаше само пет старта во Премиер лигата минатата сезона, додека оваа сезона нема ниту еден настап.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Интер, ќе стане вториот фудбалер на Ливерпул со трансфер во Франција, откако Жоржињо Вајналдум си замина во Пари Сен-Жермен со бесплатен трансфер.
Шаќири вкупно одигра 63 меча за Ливерпул и постигна 8 гола, од кои 6 во првата сезона во клубот.