По бурниот последен ден од летниот преоден рок, во кој главна тема беше мега-понудатата од Саудиска Арабија од 200 милиони фунти за Мохамед Салах, навивачите на Ливерпул можат да здивнат по комплетирањето на трансферот на Рајан Гравенберх од Баерн Минхен.
Гравенберх е четвртиот фудбалер од средниот ред кој го донесоа „црвените“ по Алексис Мекалистер, Ватару Ендо и Доминик Собослаи.
„Пресреќен сум што го завршивме договорот и конечно сум тука. Кога гледате од далеку ова е еден од најголемите клубови на светот, со фантастични фанови и легендарен стадион. Затоа беше вистински клуб за мене. Сега сум свеж за нов почеток и ќе го дадам максимумот да освојуваме титули“, изјави Холанѓанецот.
Welkom to the Reds! 🤩🔴 pic.twitter.com/EQY717gsTX
— Liverpool FC (@LFC) September 1, 2023