Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем, Џеред Боувен, го привлече вниманието на големите клубови од Премиерлигата, пренесува „TalkSport“. 26-годишниот англиски репрезентативец бавно напредува во преговорите за нов договор со лондончани. Неговиот актуелен договор е до 2025 година.
Ситуацијата ја следат Ливерпул и Њукасл кои се заинтересирани за играчот.
Боувен игра за Вест Хем од 2020 година. Сезонава постигна пет гола и забележа една асистенција на седум натпревари во Премиерлигата.