Top Sport

Ливерпул и Сити со фантастично реми во битка на последните два англиски шампиони

Дербито на англиската Премиерлига, дуелот на последните два англиски шампиони, Ливерпул и Манчестер сити не разочара, носејќи многу емоции, четири гола и 2:2 реми кое значи дека пред интернационалната пауза, Челси ќе остане лидер во англиската елита.

Мечот на „Енфилд“ почна со неверојатна доминација на тимот на Пеп Гвардиола, кои имаа супериорно прво полувреме со огромен процент на посед на топката, но пред голот на Алисон Бекер немаше многу опасни ситуации.

Ливерпул, сепак, се созеде на почетокот на второто полувреме, почнувајќи го далеку подобро, што резултираше со водство преку Садио Мане во 59. минута од мечот. Фил Фоден со својот прв гол во новата сезона во 69. минута израмни на 1:1, пред Салах да постигне апсолутно фантастичен гол за ново водство на „црвените“ во 76. минута, неколку минути откако Џејмс Милнер не доби втор (заслужен) жолт картон, кој предизвика бурна реакција на Пеп Гвардиола. Сепак, Сити остане непоразен, откако Кевин де Брујне во 81. минута упати силен удар, кој се одби од Матип и заврши во голот на Алисон.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top