Top Sport

Костиќ ги „казни“ Баерн за прв пораз на германскиот шампион

Ајнтрахт Франкфурт го прекина речиси совршениот старт на сезоната на германскиот шампион, Баерн Минхен, стигнувајќи до фанатастична 1:2 победа на „Алијанц арената“ благодарение на Филип Костиќ, фудбалерот кој беше пред заминување од бундеслигашот.

Мечот почна како што се очекуваше за фаворитите, откако Леон Горецка во 29. минута по асистенција на Роберт Левандовски донесе водство за Баварците. Меѓутоа, Ајнтрахт бргу одговори откако во 32. минута Хајдерегер по додавање на Костиќ да израмни. Шокот за тимот на Јулијан Нагелсман стигна во 83. минута, кога Костиќ, кој имаше договорено заминување во Лацио ова лето, да постигне убав гол и да му го нанесе првиот пораз на германскиот шампион оваа сезона, а исто така да ја забележи првата победа за нив по седум кола.

Баерн останува лидер со 16 поени, но Борусија Дортмунд и Фрајбург сега се веднаш зад нив со 15 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top