Ливерпул, во средата, со комбиниран состав го минаа МК Донс во Лига купот и се изборија за дуел со Арсенал во осмина-финалето.
Во врска со овој натпревар англиските медиуми објавија дека Ливерпул биле под истрага, односно дека најверојатно ќе бидат исфрлени од понатамошните натпревари.
Надлежните покренале истрага против клубот од „Енфлид“ бидејќи во тимот против МК Донс бил фудбалер кој немал право на настап.
Нема информација за кој играч се работи, можеби е некој од фудбалерите од клупската академија кои добија шанса од Јирген Клоп.
Дека клубот е под истрага потврдиле и од Ливерпул.
„Клубот е свесен дека се соочува со можни административни проблеми поврзани со еден наш фудбалер. Соработуваме со надлежните. Додека трае процесот повеќе нема да даваме изјави“, порачале од „Енфилд“.