Top Sport

Ливерпул ќе биде без Ван Дајк повеќе од еден месец

Јирген Клоп потврди дека дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк ќе биде во аут „повеќе од еден месец“ поради повреда на бутниот мускул. Холанѓанецот излезе од игра на полувреме при 3:1 поразот од Брентфорд во понеделникот, и првично се сметаше дека не се работи за сериозна повреда, но дополнителните тестови покажале дека има повреда на мускулот и тој ќе паузира до средината на февруари.

„Тоа беше изненадување, и нормално голем удар за нас. Не чувствуваше толку болки и искрено го извадив од игра само да не ризикуваме. На крајот, дијагнозата беше доста лоша и зборуваме за недели пауза, сигурно повеќе од еден месец. Се надевам дека ќе се опорави бргу, но засега мораме без него. Тој одигра многу мечеви последните години“, вели Клоп.

Ливерпул играат со Вулверхемптон во третото коло на ФА купот овој викенд, каде што може да дебитира новото засилување Коди Гакпо. Потоа следуваат мечевите со Брајтон и Челси во јануари, па дуелите со Вулфс, Евертон и Њукасл во февруари пред првиот меч од осминафиналето на ЛШ против Реал Мадрид на 21 февруари.

Scroll to Top