Top Sport

Ливерпул ќе мора да издвојат богатство за да го задржат Салах

Мохамед Салах, од почетокот на сезоната, игра во голема форма. Вчера постигна брилијантен гол и имаше нестварна асистенција за Фирмино, во победата над Вотфорд од 5:0. Египќанецот, има десет гола и четири асистенции на десетте одиграни мечеви оваа сезона.

Менаџерот, Јирген Клоп, беше воодушевен од неговиот настап против Вотфорд.

„Дали има подобар играч во светот од Салах?“, прашува Клоп.

Салах, има договор со Ливерпул до јуни 2023 година, клубот сака да му понуди нов, поради што неговиот менаџер Рами Абас, допатувал на преговори во Англија.

„Дејли мејл“, тврди дека Абас за својот клиент бара неделна плата од 500.000 фунти, односно 26 милиони фунти годишно. Доколку го добие ова, Салах, ќе биде еден од петтмината најплатени фудбалери во светот.

Платата на Салах со актуелниот договор изнесува 10,5 милиони фунти.

Овој извор наведува дека преговорите би требало да завршат до крајот на годината.

Scroll to Top