Top Sport

Спектакуларен гол на Жињак

13.коло во мексиканската Апертура, го обележа дербито Круз Азул-Тигрес и спектакуларниот гол на Андре-Пјер Жињак.

Францускиот од слободен удар ја погоди мрежата на Круз Азул во 17.минута. Овој гол на Жињак беше доволен за израмнување на резултатот, откако претходно Круз Азул дојдоа до предност со авто-голот на Ајала.

Жињак има 35 годино, играч на Тигрес е од 2015 година. Во кариерата играл и за Лориен, Тулуз и Олимпик Марсеј.

Одиграл 36 натпревари, постигнал седум голови за Франција, од чии дрес се прости по Европското првенство во 2016 година.

Scroll to Top