Top Sport

Ливерпул му дадоа нов договор на „џокерот“ Ориги

Белгискиот репрезентативец Дивок Ориги стави крај на шпекулациите околу неговата иднина, потпишувајќи нов долгогодишен договор со Ливерпул, откако беше вистински херој на „црвените“ оваа сезона.

24-годишниот Ориги го постигна победничкиот гол за Ливерпул во драматичната полуфинална пресметка со Барселона, и во клубот сметаат дека можат да сметаат на него во иднина и покрај тоа што Баер Леверкузен, Рома и Севилја беа заинтересирани за неговите услуги, како и Вулверхемптон во Премиер лигата.

Покрај голот против Барса, Ориги постигна гол и во финалето на ЛШ против Тотенхем, како и во клучните мечеви со Евертон и Њукасл во Премиер лигата, и имаше 20 настапи и 7 гола за клубот.

Scroll to Top