Тимот на Ливерпул на денешниот тренинг реши да клекне на едно колено за да покаже поддршка на движењето „#BlackLivesMatter“ по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис и бунтовите кои се случија во повеќе градови во САД и во Европа поради расизмот во оваа земја.
Џејмс Милнер преку Твитер објави фотографија на која тимот на Ливерпул е на едно колено околу централниот круг на „Енфилд“, по што истото го споделија и Трент Александер-Арнолд и Енди Робертсон.
Ова доаѓа откако во неделата фудбалерите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и Ашраф Хакими се приклучија на подолгата листа на спортисти кои дадоа поддршка со маички „Правда за Џорџ Флојд“. Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах исто така застана на едно колено по постигнувањето гол при 4:1 победата над Унион Берлин, а американскиот дефанзивец Вестон Меккени на раката имаше лента со порака во саботата. Исто така претходно се јави и поранешниот НБА шампион Стивен Џексон, Леброн Џејмс, Мајкл Џордан и тенисерката Коко Гоф.
Unity is strength #BlackLivesMatter pic.twitter.com/BLsTHfOnPT
— James Milner (@JamesMilner) June 1, 2020