Манчестер сити не успеаја да ја „пробијат“ одбраната на Саутемптон задоволувајќи се со 0:0 домашно реми, Ливерпул со 3:0 ги совладаа Кристал палас за да се искачат на првото место на табелата, додека Арсенал сврзаа две победи едноподруго со 1:0 триумф на тешкото гостување кај Барли во петтото коло на Премиерлигата.
На „Етихад“, тимот на Пеп Гвардиола беше пред пораз, откако во 63. минута, Кајл Вокер доби црвен картон и беше досуден пенал за „светците“, но по долгата пауза за ВАР-проверка, пеналот беше поништен, исто како и црвениот картон на англискиот репрезентативец. Како и да е, се работи за разочарувачки резултат бидејќи пред неколку дена Сити со 6:3 го победија РБ Лајпциг во Лигата на шампиони.
На „Енфилд“, Ливерпул стигнаа до тешко извојувана 2:0 победа над Кристал палас за прво место на табелата со 13 поени. Садио Мане во 43. минута начека „отпадок“ по обидот на Мохамед Салах за водство на „црвените“, за Салах во 78. минута да ја потврди победата, пред Наби Кеита во 90. минута да зголеми на 3:0. Ова беше 100. гол на Мане за Ливерпул, додека Салах стигна до голот број 99 во Премиерлигата.
Мартин Одегард го постигна единствениот гол на „Турф Мур“ за Арсенал да стигнат до 1:0 победа над Барнли, иако домаќините слично како на мечот Сити-Саутемптон, прво добија пенал во второто полувреме, за тој да биде повлечен по ВАР-проверката.
ПРЕМИЕРЛИГА, 5.КОЛО
Барнли – Арсенал 0:1
Ливерпул – Кристал палас 3:0
Манчестер сити – Саутемптон 0:0
Норич – Вотфорд 1:3