Сопствениците на Ливерпул, американската компанија „Фенвеј спортс“ одбила понуда од 1.5 милијарди евра за 18-кратниот англиски шампион.
Иако дел од навивачите на Ливерпул ги критикуваат сопствениците последните години, тие постојано тврдат дека не планираат да го продаваат клубот, а овој месец ја одбиле понудата од инвестицискиот конзорциум од Дубаи предводен од финансиерот Аманда Стејвли.
Се верува дека американските сопственици биле разубедени од анализите кои велат дека глобалните ТВ права ќе поскапат значително во следните две-три години, со што вредноста на Ливерпул би пораснала значително.
Истиот конзорциум преговара за купување на тимот на Њукасл од сопственикот Мајк Ешли, кој овој месец потврди дека заминува од клубот. Стејвли со својот сопруг била на неодамнешниот меч Ливерпул-Њукасл, каде што разговарала со лидерите на двата клуба. Цената на Њукасл би достигнала 500 милиони фунти.