Јирген Клоп не се согласува со тврдењето на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин дека Саудиската про лига не е закана за европскиот фудбал, и предупреди дека следние две недели ќе се види колку опасни ќе бидат богатите клубови од арапската земја.
Ова доаѓа во последниот ден од европскиот преоден рок, во кој Ливерпул наводно одбиле понуда од 150 милиони фунти за Мохамед Сала од Ал-Итихад. Меѓутоа, саудискиот преоден рок трае до 20 септември, со што се отвара можност за нови понуди за Салах и за други ѕвезди во Европа.
Чеферин изјави дека не е загрижен бидејќи „Халанд и Мбапе не сонуваат да играат во Саудиска Арабија, но Клоп не се согласува.
„Не знам 100 отсто, но примерот со Халанд и Мбапе не е најдобар. Тие се млади и одлично заработуваат, така што не се во просекот. Не знам колку е стабилен европскиот фудбал и ќе видиме каква опасност претставуваат во следните две недели, бидејќи на работите кои ќе се случат по крајот на нашиот преоден рок, ние не можеме да реагираме. Тоа требаше да го направи УЕФА, да ја заштити нашата игра. Не можеме ние како клубови да реагираме, а во исто време европските клубови треба да останат силни“, вели Клоп.